Кампања „Некултурата не е инвалидитет“

Трговскиот центар Скопје Сити мол денеска ја почна кампањата „Некултурата не е инвалидитет“, која има за цел да помогне во подигање на свеста на населението за правата на луѓето со инвалидитет и за правото тие да можат да ги користат паркинг- местата кои се наменети за нив, а кои многу често се узурпираат од несовесни возачи.
Кампањата ја поддржаа МВР, Министерството за труд и социјална политика, Здружението на лица со параплегија и квадриплегија „Без ограничување“, од Движењето против хендикеп „Полио Плус“ и актерот Сашко Коцев.
Ванѓел Тркаљанов, советник во МТСП, ја поддржа кампањата и додаде оти несовесните возачи постојано ги узурпираат паркинзите предвидени за лица со попреченост и покрај вертикалната сигнализација.
- Често се узурпирани сите паркинг- места иако Сити мол ги задоволува стандардите за активно живеење на лицата со попреченост и често не може да се најде простор за паркирање иако тука се обезбедени 120 паркинг- места за лица со попреченост. Овие паркинг- места во овој објект се стандардизирани и имаат поголема површина од стандардните паркинг- места што е од особено значење, рече Тркаљанов.
Деан Панчевски, началник на Секторот за сообраќајни работи во МВР, посочи дека на местата коишто се предвидени за паркинг на лица со посебни потреби ако се паркира друг учесник во сообраќајот предвидена е глоба од 180 евра во денарска противвредност или 40 негативни бодови. Апелираше граѓаните да бидат свесни и хумани да не ги узурпираат местата предвидени за лицата со посебни потреби и да ги пријавуваат ваквите случаи на бројот 192.
Директорката на Скопје Сити мол Ебру Радевски информира дека ја почнуваат оваа кампања по иницијатива на еден од нивните посетители којшто бил со хендикеп и имал проблем со паркинг- просторот. Таа додаде дека сите погрешно паркирани возила добиваат налепница и ги замолуваат другпат да не паркираат своите возила на тие места.
Ново на Сител
-

Од утре пониски температури, локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Пет тинејџери загинаа во сообраќајка во Ирска додека се снимале како возат во спротивна насока на автопат
-

Две лица загинаа во пад на мал авион на Велебит во Хрватска
-

МВР: Синоќа изречени 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода
-

АМСМ: На Табановце за влез и излез во земјава и на Богородица за излез се чека од 40 минути до еден час
-

Активни девет пожари, два се под контрола, а 16 се изгаснати
-

САД и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, канадскиот премиер најави контра царини за Вашингтон
-

Вирусот Западен Нил се шири низ Европа, најмногу случаи во Италија и Грција
