Денеска е Неракотворен образ на Исус Христос
На почетокот од оваа наша ера, кога Христос проповедаше во Палестина, во градот Едеса на Еуфрат владееше еден кнез по име Авгар. Авгар беше болен од некоја неизлечива болест, па штом слушна за чудниот Палестинец, т. е. дека ги лечи луѓето од секакви болести, испрати писмо до него по еден свој слуга, со молба до Христа да дојде и да го исцели.
Ананиј, т.е. слугата, кој владееше со сликарската вештина, имаше и задача да го нацрта Христовиот лик и да му го донесе на кнезот. Писмото стигна до Христа, но Ананиј никако не успеваше да го нацрта ликот. А Христос, знаејќи го порачаното, додека се наоѓаше меѓу народот, го изми лицето со вода и го избриша со крпа на која потоа остана обрисот од неговиот лик. Овој неракотворен лик Ананиј го однесе кај Авгара, а овој го целива и веднаш се исцели. Авгар потоа го постави убрусот (крпата) со неракотворениот лик над влезната порта од градот, за да ја изразува пред сите верата на кнезот во божественоста на Исуса Христа. А во десеттиот век императорот Константин Багренороден го пренесоа убрусот со неракотворениот лик во Цариград и го поставија во црквата Света Софија.
Ново на Сител
-

Груби на распит во обвинителство
-

Груби слушна за што го гони обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
-

МНР препорачува да не се патува во Мексико по убиството на наркобосот Ел Менчо
-

МОН на јавна дебата во УКИМ за законот за високо образование
-

Соработка на „Макпетрол“ и МОН - нов прирачник против врсничко насилство за училиштата
