Македонија
7. јуни 2018 - 10:54

Денеска е голем празник посветен на св. Јован Крстител

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 мај.

Денеска е Трето наоѓање на главата на св. Јован Крстител.

Кога се разгоре ереста на иконоборството, во осмиот век, главата на свети Јован Крстител беше пренесена во градот Комана. Подоцна, во времето на царот Михаил, во следниот век, таа беше свечено пренесена во Цари¬град и положена во царската придворска црква од страна на тогашниот патријарх Игнатиј.