Денес угостителите на нов протест пред Влада
Угостителите и индустријата за организирање на свадби денеска повторно излегуваат на протест пред Влада. Најавуваат дека ќе останат таму се додека не се усвојат нивните барања, за кои Владата до сега немаше слух.
- Продолжуваме во среда (24.02.2021), во 15:00 – 17:00 часот пред ВЛАДА. Целта на овој протест е да се донесат протоколи за работа на рестораните за организирани настани. Да се вратат во функција сите комплементарни дејности (музичари, фоторафи, ателјеа за венчаници, студиа за декорации, слаткарници, цвеќари, шминкери, креатори). Забраната трае, а ние се уште чекаме протокол за работа веќе една година. Протестот ќе биде мирен со почитување на сите здравствени протоколи, велат тие.
Претходно истакнаа дека мора да се најде начин на функционирање на сите економски субјекти, за да не згаснат илјадници работни места.
- Ние не работиме затоа што Владата ни има дадено забрана за вршење на нашата примарна дејност и поради тоа треба да ни помогне финансиски да ја надминеме пандемијата се до моментот додека повторно не почнеме со работа. Будно ја следиме епидемиолошката состојба во државата и сме свесни за моменталната состојба, па поради тоа во првата фаза бараме да ни се дозволи да можеме да работиме под истите услови и протоколи, како и скратеното работно време како што работат сите останати а ла карт објекти. Овие барања се од суштинско значење за нашиот опстанок имајќи го во предвид нашиот сезонски карактер на нашата дејност, рече Марија Синадиновска Арсовска на вчерашниот протест.
Синадиновска Арсовска нагласи дека нивните барања до сега не се усвоени.
Ново на Сител
-
Заврши општата расправа за законот со кој учениците од верските училишта ќе можат да полагаат државна матура и да се запишат на кој било факултет
-
Мицкоски: Пензиите ќе пораснат за нови 2.000 денари
-
Муцунски: Инвестиции, инфраструктура, подобар живот – надворешна политика што носи резултати
-
Социолошки поглед за модерен Центар | Горан Герасимовски | Неформално | Sitel Podcast 105
-
Владата со препорака за работодавачите во врска со топлотниот бран
-
САД по третпат го напуштаат УНЕСКО
-
Три лица се хоспитализирани - изгаснат пожарот што избувна во Кочани | ВИДЕО
-
Кремљ: Не очекуваме напредок во мировните преговори со Украина