Македонија
16. April 2020 - 8:38

Денес сончево и потопло време

Сончево и потопло со слаб променлив ветер. Наутро понекаде утринската температура ќе биде околу нулата. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната од 15 до 21 степен. Во Скопје наутро со температура околу нулата а преку денот сончево и потопло. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 18 степени.