Денес се одбележува Велики четврток - и на најголемите грешници денес им се простуваат гревовите

Православните христијани денеска го одбележуваат Велики четврток во знак на сеќавање на последното јадење на Исус Христос, Тајната вечера.
На Велики четврток е востановена и Светата тајна причест, поради што се верува дека и на најголемите грешници кои ќе се причестат денеска, гревовите ќе им бидат опростени.
За Велики четврток во народот постојат разни верувања и обичаи, но при одбележувањето нема веселење, туку само собири.
Во раните утрински часови, пред изгрејсонце, домаќинките вапсаат три црвени јајца, кои според верувањето не се расипуваат. Првото вапсано јајце му се наменува на Господ и се нарекува Господово јајце. Второто е за домаќинот на семејството. Третото е за бериќет и за стоката.
Црвените јајца во христијанството се симбол на воскресението Христово и на самиот празник Велигден. Формата го претставува гробот на Христос, како што од јајцето излегува живот кога ќе се испили, така од гробот излегол Исус Христос.
Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем Христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта. Таа ја претставува божјата сила и моќ, а воедно ја симболизира и Христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава.
Ново на Сител
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
-

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег
-

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција
-

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари
-

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот
-

Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
