Дендиас: Преговори со Турција само откако ќе се повлечат турските бродови од грчкиот континентален гребен
Случувањата во Источниот Медитеран и потребата за деескалација на тензијата од страна на Турција, биле во фокусот на денешниот телефонски разговор на шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас и Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како што соопштија, преку „Твитер“, од Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Дендиас, вчера во Њујорк се сретна со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, а по средбата порача дека преговори со Турција не може да има, сѐ додека турските бродови се во грчкиот континентален гребен.
-Грција не преговара со Турција. Грција јасно има кажано дека преговори со Турција може да има штом турските бродови го напуштат грчкиот континентален гребен. Но, не додека турските бродови остануваат таму, рече Дендиас.
Министерот за надворешни работи на Грција, на Гутереш му ја објаснил ситуацијата во Источниот Медитеран, рекол дека „турските прекршувања создаваат проблеми за стабилноста и мирот во регионот“, а му доставил и писмо од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, со молба да биде доставено до Советот за безбедност.
Со оглед на тоа дека Дендиас во Њујорк беше само неколку часа, утрово, преку социјалните мрежи му се заблагодари на екипажот на авионот од грчкото воено воздухопловство за летот Атина – Њујорк- Атина во еден ден, со цел да се сретне со Гутереш и веднаш да се врати во Грција.
Ново на Сител
-
35-годишен скопјанец пријавил дека бил тепан од неговата сопруга
-
Украдено возило на АРМ оставено на автомеханичар
-
Во координирана акција запленети 283 килограми шверцуван тутун
-
Бензините и дизелот од ноќеска поскапи за два денара
-
Крводарителска акција на 30 април по повод Светскиот ден на слободата на медиумите
-
Оддадена почит за убиените осум бранители кај Вејце во 2001 година
-
Светска банка: Раст од 2,6 проценти на македонскиот БДП, 2,5 во 2026-та
-
Костадиновски: Уставниот суд има потреба од закон за доуредување, статус кво состојбата нема да донесе никому ништо добро