Дендиас: ЕУ интеграцијата на Македонија и Албанија е стратешки избор и за Бугарија и Грција

Интеграцијата на Северна Македонија и Албанија во Европската унија и за Бугарија и за Грција претставува стратешки избор што води до стабилен Балкан, рече шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас по средбата во грчкото МНР со неговата бугарска колешка Екатерина Захариева.
Министрите за надворешни работи на Грција и Бугарија изразија поддршка за европската перспектива на Западен Балкан, но со почитување на поставените услови.
-И Бугарија и Грција сме фактори на стабилност и ко-развој во нашиот регион. Ние сме помагачи на патот на нашите соседи кон Европската унија, на балканските земји, на Северна Македонија и Албанија, секако, секогаш под услов да се почитуваат поставените услови. Интеграцијата на овие земји во Европската унија и за Бугарија и за Грција претставува стратешки избор што води до стабилен Балкан, рече Дендиас.
-Тоа е од огромно значење за сигурноста на двете држави, но заедничка е перцепцијата дека треба строго да ги исполнат реформите и да ги следат принципите на добрососедство, наведе Захариева.
Шефовите на двете дипломатии разговарале и за пандемијата, за последиците и за напорите за враќање во нормала, а Захариева и на средбата со Мицотакис и на средбата со Дендиас го покренала прашањето за отворање на втор граничен премин меѓу двете земји, освен Промахонас.
Дендиас рече дека грчкиот премиер ѝ ветил на Захариева дека ќе го разгледа конкретното прашање.
Двајцата министри се осврнаа и на последните активности на Турција, за Света Софија шефицата на бугарската дипломатија рече дека „е споменик од огромно значење и историска симболика“, а Дениас истакна дека Грција ќе продолжи со активностите за подигање на свеста на светската заедница за конкретното прашање.
Во однос на активностите на Анкара во Медитеранот, Дендиас ги повтори грчките позиции околу прекршувањата од страна на Турција, додаде дека Грција нема да толерира прашања поврзани со нејзините суверени права и оти „само со целосно почитување на меѓународното законодавство и правилата на добрососедство може да се гарантира стабилноста во регионот“, додека пак Захариева истакна дека кога постојат спорни прашања „треба да се решаваат со дијалог, а не со еднострани активности“.
Постапките на Турција, како и пандемијата беа во фокусот и на средбите на министерката за надворешни работи на Бугарија, со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.
Сакеларопулу истакнала дека очекува „практична демонстрација на солидарност од партнерите во ЕУ и секако од пријателска Бугарија“, а Захариева потенцирала дека Бугарија и Грција се пример за добрососедски и пријателски односи во ЕУ.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Не би имала ништо против уставни измени доколку се работи за копенхашки критериуми
-

„Нетфликс“ се откажува од натпреварот со „Парамаунт“ за преземање на „Ворнер брос“
-

Тошковски – Брунер: Партнерството со институциите на ЕУ има клучна улога во унапредувањето на националната и европската безбедност
-

АХВ: Болеста сипаници кај овци и кози потврдена во четири одгледувалишта во село Лопате
-

Поскапуваат дизел горивата
-

Украден „голф“ кој бил паркиран со клуч на бравата - возачот удрил во маркет и повредил вработена
-

Кумановец сакал да откупи крипто валути, останал без 43.750 евра
-

МЗШВ: Засилени контроли на АХВ во Липково поради појава на сипаници кај овците и козите
