Во пожарот кој изби во неделата во трговскиот центар во Кемерово на четвртиот кат, на кој се наоѓало кино и детски забавен центар, настрадаа 64 лица, меѓу кои 41 дете.
Заменик рускиот министер за итни интервенции Владлен Аксјонов рече дека се пронајдени сите тела и дека сите жртви се идентификувани.
„Повеќе нема никој кој се води за исчезнат“, рече тој.