Ден на виното во Охрид
Во рамки на проектот „Од 20-ти до 20-ти сите во Охрид“, синоќа во македонскиот туристички бисер се одржа Ден на виното.
Охриѓани и гостите кои престојуваат во градот за новогодишните и божикните празници, до доцна во ноќта уживаа во најубавите вина на неколку македонски реномирани винарии и во музиката на Александар Митевски и легендарниот Драган Б. Костиќ.
Денот на виното се одржа на посебно изработените тезги за оваа намена лоцирани на Градскиот плоштад.
Вечерва, на малата сцена, со почеток во 20:00 часот, во дрвената куќичка ќе настапат популарните Силви бенд.
Сите манифестации се дел од поголемиот проект за промоција на Охрид во обид за максимално продолжување на туристичката сезона насловен како „Од 20-ти до 20-ти сите во Охрид“.
В недела, на 7-ми јануари, за празникот Божиќ, на големата сцена ќе настапат Сергеј Четковиќ и Ѓоко Танески, на 13-ти, за Стара Нова година Љубојна и на 19-ти јануари за големиот верски празник Водици ќе настапат Фолтин со што ќе се заокружи манифестацијата.
Ново на Сител
-
Таравари: Нема да биде склучен договор со „Ѓока констракшн“
-
Вработените во РТС им се обратија на студентите и ги повикаа колегите да излезат надвор
-
Полска уапси Украинка осудена за продажба на 56 бубрези
-
Променливо и нестабилно време со повремен дожд во наредните денови
-
Започнува средбата на украинската и американската делегација во Џеда
-
Капушевски и Јахоски во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка
-
Двајца малолетници тешко повредени по судар на мопед и автомобил во охридско
-
Спречени обиди за криумчарење облека, парфеми и суплементи за миленици