Ден на Турската заедница во Велес
Во организација на Турската заедница од Велес, а под покровителство на Општина Велес, денеска во Велес се одржа седмата традиционална манифестација „Ден на Турската заедница“. Настанот се одржа по повод 21 декември Денот на турската азбука.
Во рамки на програмата беа презентирани турски песни, ора и турската народна кујна. Триесетина жени и девојки од Турската заедница од Велес на убаво уредени маси со најразовидни солени и слатки специјалитети на посетителите им понудија вкусни домашни специјалитети. Посетителите можеа да донираат и пари во поставените касички за хуманитарни цели, а потоа и да пробаат од специјалитетите и да уживаат во музиката на старата Велешка чалгија,
Дуњамин Мехмед, координатор на манифестацијата, рече дека целта на оваа хуманитарна традиционална манифестација е презентирање на турската кујна која е меѓу најпознатите во светот, како и презентирање на турската култура преку презентација на песни и ора. Воедно беа изложени и брошури и книги од познатите туристички места и знаменитости на Република Турција.
- Целта беше преку народната кујна и народните ора кои им се многу блиски и на Македонците, членовите на Турската заедница од Велес подобро да се запознаат со младите присутни на манифестацијата и да се дружат, потенцира Мехмед.
Градоначалникот Славчо Чадиев, кој ја отвори маифестацијата, потенцира дека Оштина Велес ја подржувала и ќе ја подржуваа оваа манифестација и во иднина.
Во тие рамки денеска пред службата за Итна помош Општина Велес и Турската заедница во Велес пуштија во функција една турска чешма со летниковец, донација од велешката фамилија Ацеви и една турска фамилија која пред повеќе години се иселила во Турција.
Ново на Сител
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски - Коалиција ,,Сите за правично судење"
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија
-
АХВ уништи 110 килограми болничка храна
-
Власта и опозицијата со обвинувања - Кој е виновен за високите цени