Ден на победата над фашизмот

Светот денеска го одбележува Денот на победата над фашизмот. На 9 мај 1945 година со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, официјално беше ставен крај на Втората светска војна во која учествуваа 61 земја, со вкупно 2,1 милјарда жители или 96 отсто од светското население и која однесе повеќе од 50 милиони животи.

Безусловната капитулација на Третиот Рајх е потпишана во разурнатиот Берлин, само неколку минути по полноќ, на 9 мај. Капитулацијата во име на Врховната германска команда ја потпишаа фелдмаршалот Вилхелм Кајтел, генералот Ханс Јирген Штумпф и адмиралот Ханс Георг фон Фридебург. Од страна на сојузниците договорот го потпишаа рускиот маршал Георги Жуков и британскиот генерал Артур Тедер.
Од над 50-те милиони жртви, 20 милиони беа од тогашниот Советски сојуз, а повеќе од 30 милиони беа цивили. Во нацистичките логори беа убиени околу 12,5 милиони луѓе, од нив шест милиони Евреи. Материјалната штета од Втората светска војна само во Европа беше проценета на околу 260 милијарди американски долари.

На Далечниот исток, војната заврши дури на 2 септември 1945 година, кога Јапонија капитулираше по бомбардирањето Хирошима и Нагасаки со дотогаш непознатото оружје, атомската бомба.
Македонија за време на Втората светска војна беше на страната на антифашистичката коалиција. Во борбите против фашистичките окупатори, според проценките на историчарите, во Македонија загинале 33.000 луѓе, вклучучувајќи ги и преку 7.000 македонски Евреи, кои беа депортирани во концентрацискиот логор Треблинка.

Централната манифестација во светот по повод победата над фашизмот традиционално се одржува во Москва на Црвениот плоштад со дефиле на припадници на различни родови на руската армија, како и ветерани од Втората светска војна. Но, оваа година поради пандемијата на коронавирусот, ќе биде одржана само воздухопловна парада на авиони и хеликоптери на небото над Москва. Големата воена парада и маршот на „Бесмртниот полк“, според најавите на руските власти, ќе бидат одржани кога ќе има услови за тоа.
Ново на Сител
-

Од идниот месец во Србија се зголемуваат надоместоците за невработеност
-

Герапетритис: Грција изразува резервираност во однос на Одборот за мир на Трамп и е во консултации со ЕУ
-

Дел до автобусите на ЈСП не сообраќаат до крајните дестинациии во приградските населби
-

Виткоф: Постигнат е голем напредок во мировните преговори меѓу Русија и Украина
-

МАИР: Преработеното месо е канцерогено, а црвеното месо е можно канцерогено
-

Пожар на хала во Кавадарци, пожарникарите на терен
-

Состојбата со снегот се стабилизира, се расчистуваат патиштата што водат кон селата, екипи на ЕВН се на терен во селото Илино
-

Орбан: Одам во Давос на покана на Трамп, ќе го потпишеме основачкиот документ за Одборот за мир
