Ден на органодарителството – програмата за трансплантација е проширена
На денот на органодарителството министерот за здравство и националниот координатор за трансплантација соопштија дека програмата е проширена освен на бубрези, сега има листи за чекање за донирање на црн дроб, коски и ткива, срце. И покрај ковид кризата нема да дозволат другите болни да се соочуваат со проблеми. Успешната трансплантација на срце од починат донор во мај годинава дава резултати.
Националниот координатор д-р Мојсовска најави дека во среда би требало да се изведе уште една трансплантација на бубрези со жив донор, но тоа зависи од состојбата со ковид-19, а операцијата ќе се изведе почитувајќи ги сите протоколи во болнички услови.
„Започнато е да се работи на отворање на банка за донирање на коски и ткива, што може да се употребуваат за трансплатанција, а центарот би бил Мајчин дом“.
Мирјана Давидовска
Ново на Сител
-
Бадникови поворки и литургија - Верниците го одбележуваат Бадник, ден пред Христовото раѓање
-
Дефицит на кадар во охридските музеи
-
Преглед на вестите од светот
-
Koледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
Тема на денот со Александар Николоски министер за транспорт и врски
-
Коледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
МПЦ за коледарските огнови и како се одбележуваат Бадник и Божиќ
-
Партиите се скараа чиј е патот Страцин - Крива Паланка?