Ден на бригадата за логистичка поддршка
По повод Денот на бригадата за логистичка поддршка (брЛП) денеска во Командата лоцирана во продолжение на воено-медицинскиот центар и ГОБ „8 Септември“ во Скопје ќе се одржи свеченост.
Според програмата, по историскиот осврт за Денот на единицата, предвидено е доделување стимулативни мерки, а ќе биде прогласена и најдобрата екипа за одржаните спортски активности кои претходеа на одбележувањето на денот.
На свеченоста ќе присуствуваат претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, команданти на команди и единици на ГШ на АРМ, поранешни команданти на единицата и други гости.
Со одлука на претседателот на Република Македонија за определување на денови на единиците на АРМ, за Ден на брЛП е одреден 20 мај, во спомен на денот кога во 1876 година започнало Разловечкото востание.
Команда за логистичка поддршка е највисока единица од доменот на логистиката во АРМ, чија основна мисија е планирање, организирање, координирање и извршување на логистичка поддршка на командите и единиците на АРМ.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228