-->
-->
Демонстрант со бекатон плочка тргнува кон полицаец на денешниот протест во Тетово | ВИДЕО
-->
Снимка од денешниот протест во Тетово поради пожарот во модуларната болница покажува демонстрант кој со бекатон плочка тргнува кон полициски службеник.
Неколку инциденти се случија на протестот во Тетово. Протестирачите најпрво со јајца фрлаа кон општинската зграда, потоа искршија врата за да се пробијат кон седиштето на ДУИ во Мала Речица, а успеаја да пробијат и еден кордон полициски службеници за истата цел.
Сега, новинарка на порталот „Па Цензура“ објави видео каде се гледа како еден повозрасен демонстрант со бекантон плочка тргнува кон полициски службеник, замавнува неколку пати кон главата на еден од полицајците, но и службениците и протестирачите околу него го запираат во неговата намера.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија со победа над Полска ги заврши евроквалификациите во кошарка
-
Дамјан Стојановски стави крај на репрезентативната кариера
-
Трамп вели дека Путин би прифатил европски мировници
-
Украинскиот и европските министри за одбрана се обидоа да ги усогласат ставовите околу условите за мир
-
Макрон гледа „значителен напредок“ за Украина по средбата со Трамп
-
Британската Влада не ја сака Русија во Г7 додека трае војната во Украина
-
Трамп: Нема да дозволиме да се дојде до трета светска војна
-
Известувачот на Европскиот парламент Томас Вајц на средби во македонското Собрание