Демокрaтскиот сојуз бара темелна истрага за причините за пожарот во Универзалната сала
Демокрстскиот сојуз бара темелна истрага за причините за пожарот во кој изгоре Универзалната сала, еден од симболите на Скопје.
Овде во оваа сала се градеа илјадници музичари,актери,фолклористи и безброј други уметници,но негрижата на власта и лакомоста за провизии и пари ја изгореа истата.
Обидите за релативизирање на последиците од пожарот,дека истата е осигурана,дека металната конструкција е во ред итн,се само обиди за замаглување на одговорноста.
Демократскиот сојуз бара да се направи детална истрага и за тендерската постапка за избор на изведувачот на реконструкцијата на салата,потоа како е избрана фирмата која треба да врши надзор,колку се спроведувале заштитни мерки за превенција од пожар и друг вид на хаварии и случно.
Овој пожар само ја отслика неодговорноста и хаосот во државата во кој не внесе власта на СДСМ и ДУИ.
Демократски сојуз
Ново на Сител
-
Синоќа полициска акција на неколку локации низ државата
-
Премиерот Мицкоски на средба со Советот на странски инвеститори
-
Предлог-законот за унгарскиот заем пред пратениците
-
Вучиќ: Ќе имаме разговори за санкции против НИС и со Американците и со Русите
-
Во Брисел состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ
-
Утрото студено и магливо, преку денот сончево
-
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
-
Запалена новогодишна елка пред ТЦ „Бисер“