Демократски сојуз: Владата да не ги дискриминира медиумите

Демократскиот Сојуз ја повикува Владата на Р.С.Македонија да ја преиспита својата одлука и да им овозможи на сите онлајн медиуми што ќе се пријават директно да се вклучуваат односно да известуваат и да ги пренесуваат прес конференциите на Владата на Р.С.Македонија во врска со состојбите настанати поради епидемијата со коронавирусот.
Било каква дискриминација на медиуми и новинари во време кога информирањето на граѓаните е од исклучителна важност заради потребата од навремени и точни информации за состојбите со епидемијата и мерките што ги презема Владата е недозволиво и не е во согласност со демократските стандарди на функционирање на македонското општество дури ни во вакви вонредни околности.
Регистерот на професионални онлајн медиуми на ЗНМ и Советот на Етика на медиумите во Македонија не смее да биде изговор за укинување на акредитацијата на онлајн медиуми.
Регистерот е етичка алатка и тој служи како саморегулативен механизам на онлајн медиумите во Македонија.
Укинувањето на акредитацијата за известување од прес-конференциите на Владата и можноста за нивно директно пренесување онлајн само за медиуми што не се дел од регистерот може да се сфати како цензура која е забранета со Устав и недозволена во едно демократско општество.
ДС истовремено ги повикува сите медиуми да известуваат професионално и одговорно, да не шират лажнии вести и информации, да не создаваат паника во овие вонредни услови на зараза со коронавирусот.
Власта да води сметка за одговорноста и отчетноста и да ги пружа сите потребни информации на граѓаните, а политичките партии да се воздржат од политичка пропаганда и да помогнат во напорите за справување со кризата.
Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
