Демократски сојуз: Балканска коалиција против тероризмот и организираниот криминал
Во пресрет на утрешната расправа за безбедноста и тероризмот, што се одржува во Скопје помеѓу ЕУ и Балканските држави, Демократскиот сојуз ја иницира потребата од формирање на Балканска коалиција за борба против тероризмот и организираниот криминал.
Во оваа коалиција треба да бидат вклучени сите Балкански држави: Македонија, Бугарија, Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија и Грција.
Воедно предлагаме да се формира и Балкански центар за борба против тероризмот и организираниот криминал со седиште во Скопје, каде ќе се слеваат и обработуваат сите информации и ќе се дејствува превентивно.
Тероризмот е сериозна безбедносна закана за Балканските држави, затоа е неопходно државите поблиску да соработуваат, додека организираниот криминал разорно дејствува на демократскиот и економскиот развој.
Криминалот ги кочи и евроинтеграциските процеси на државите аспиранти за влез во ЕУ од таканаречениот Западен Балкан
Ново на Сител
-
ЗНМ: Тужби кои се злоупотребуваат за цензура се најголем предизвик за новинарите
-
Почна судењето за двојното убиство на Вања и Панче
-
Минчев најавува законско решение наместо балансерот
-
Таравари: Одлуката на Уставниот суд за балансерот е избрзана
-
ТАВ подготвува мастер план за развој на аеродромите во Скопје и Охрид
-
Спасителите и оваа година со бројни интервенции
-
Во Струмица ќе се градат дополнителни 5,5 километри велосипедски патеки
-
Преглед на вестите од светот