Демократите во Сенатот го блокираа предлог-законот за одбраната поради војната со Иран

Демократите во американскиот Сенат синоќа го блокираа годишниот предлог-закон за финансирање на одбраната во вредност од 1,15 трилиони долари, изразувајќи незадоволство поради војната со Иран и одлуката на претседателот Доналд Трамп да испрати американски сили без консултација со Конгресот.
„Трамп ја започна оваа војна без одобрение, без стратегија и без план за повлекување“, изјави лидерот на демократското малцинство во Сенатот, Чак Шумер.
При процедурното гласање, предлог-законот доби 50 гласа „за“ и 46 „против“, но не го обезбеди потребното мнозинство од 60 гласа продолжување на законодавната постапка.
Законот за финансирање на одбраната традиционално добива двопартиска поддршка, но годинава демократите сметаат дека одобрувањето на рекордниот буџет за Пентагон би можело да се протолкува како поддршка за војната против Иран.
Тие се противат и на барањето на администрацијата на Трамп воените трошоци годинава да достигнат 1,5 трилиони долари, во време кога се намалуваат средствата за социјалните програми.
Лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот, Џон Тун, ги обвини демократите дека политиката ја ставаат пред националната безбедност.
Предлог-законот предвидува средства за набавка на нови бродови, авиони и ракетни системи, зголемување на платите на припадниците на вооружените сили и финансирање мерки за справување со безбедносните предизвици.
И покрај блокадата, законодавната постапка продолжува. По усогласувањето на верзиите што ќе ги усвојат Претставничкиот дом и Сенатот, конечниот текст ќе биде испратен до претседателот Трамп за потпишување или вето.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски објави специјално видео за независноста, Филипче тврди дека се слават успесите на СДСМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: Згрозени сме од политичката некултура
-

Трамп: Подготвени сме да го зголемиме економскиот притисок врз Иран
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 15 лица безобѕирно управување моторно возило
-

Расчистено разбојништво од почетокот на јули во скопско, приведени две лица
-

Маратонецот Ивановски единствен македонски атлетичар на ЕП во Бирмингем
-

Подобрена состојбата на пациентот транспортиран од Турција, лекарите апелираат на внимателност при скокови во вода
-

35 години независност на Македонија - објавено видео пред вечерашниот музичко-сценски спектакл во Охрид
