Балкан
7. July 2017 - 9:00

Политички рокади

Независне Новине – Бања Лука

Лидерот на малото Движење на социјалистите и повеќекратен државен функционер во разни ресори, канцеларии и управи, Александар Вулин не служел редовен воен рок и тој факт се истакнуваше како основна пречка за неговата нова функција министер за одбрана во Владата на Србија.

Но, дали своевременото избегнување на војската навистина го елиминира како кандидат за еден од најчувствителните ресори во секоја влада?

Повеќе не, од да, бидејќи Вулин не е началник на Генералштабот, ниту командант на некоја воена единица, а уште помалку оперативно ќе раководи со воени операции, иако без сомнеж би го прифатил тоа, па не е ни важно дали знае строев чекор, како пука познатата пушка М48, колкав дострел има минифрлачот, во што е разликата меѓу МиГ и воен хеликоптер, тенк и топ, како се подигнува шатор и се што се учеше во ЈНА во воената обука.

Клучно е прашањето што всушност Александар Вулин препорачува за челната позиција во Министерството за одбрана на Србија? Тоа што сака да носи квази-униформи е целосно неважно, бидејќи министерот е цивил, дури и ако во минатиот живот имал воен чин.

Бидејќи други квалификации за одбрана на државата нема, останува како препорака неговата огромна потреба да наредува, нешто да работи, а уште повеќе и големиот жар во спроведување на наредбите „од горе”. Министерот за одбрана во Србија, иако е под директна палка на премиерот/ката, има само еден вистински шеф претседателот на Републиката, во овој случај Александар Вучиќ, кој, како што вели Уставот, „во согласност со законот, командува со Армијата и поставува, унапредува и разрешува офицери на Армијата на Србија”.

Со тоа што ова второто допрва следува.

Овие уставни задолженија во Србија, по Тито, односно од Милошевиќ, па наваму, колоквијално се викаат „врховен командант на вооружените сили”, иако таква формација нема, но звучи сериозно и поважно од обично командување. Тој командант, според законите, не е надлежен за Министерството за одбрана, бидејќи тој ресор не се бави со воени прашања, барем не директно, но кој ги гледа тие ситници? Впрочем и претседателот лично беше министер за одбрана, не министер за војни, па знае што е нечиј делокруг на работата.

Па така наводно клучен останува фактот дека тоа што како самопрокламиран левичар Вулин многу повеќе сака да гледа накај Москва, отколку накај Брисел, што е исклучителна препорака за политика „на две столици” и „четири нозе”, односно четири ногарки, на така омилената и воено неутрална, но одбранбено зависна Србија.

Лично Александар Вулин, безмалку неопходен зачин на сите влади во новната политичка историја на Србија, со ништо лично не е заслужен што стана хит вест во време додека мандатарката за составот на новата влада на Србија Ана Брнабиќ изнесуваше експозе во парламентот и чекаше реакции на програмата за работа и составот на кабинетот кој го предложи.

Вулин е само парадигма на тоа што ја чека премиерката во наредните месеци на работа, парадигма на сето тоа што прифати да го работи со мандатот. Поради тоа, не треба да се плаши од безобразни прашања за својата сопствена сексуална ориентација како дел од ЛГБТ со хрватски корени.

Сторијата со Вулин е само пластичен пример на коска која ќе биде во грлото, бидејќи со сета стручност и дипломите кои ги поседува, тешко е да се поверува дека Ана Брнабиќ има нешто повеќе знаење за одбраната од кој било друг граѓанин на Србија, чест на некои исклучоци, па уште потешко е да се поверува дека со увидот на работењето на Вулин и работењето на досегашниот министер за одбрана Зоран Ѓорѓевиќ, сама ја предложи оваа политичка рокада.

А рокадата и тоа прилично голема не е спорна; кадровски е најмалку важна, што во овој случај не е фер кон Ѓорѓевиќ, но и тој како и самата мандатарка и сите во нејзиниот предложен кабинет ја прифати понудата и новата улога. Рокадата е во тоа веќе решено балансирање меѓу Исток и Запад, ако Ана Брнабиќ е пријатна вест за Брисел и Берлин, секако не е за Москва.

Од тука во новата влада има и двајца членови повеќе од Социјалистичката партија на Србија (СПС) во однос на претходниот кабинет на Вучиќ; а тоа во иста мерка е благодарение на Ивица Дачиќ, што се откажа од претседателската кандидатура и партијата ја подреди на поголемата Српска напредна партија (СНС), но и отстапките за Москва на која Дачиќ и е по мил од самиот Вучиќ.

Всушност, кадровскиот состав на Владата, која повеќе од симболично е претставена на Видовден, е чиста политичка слагалка, маневар кој го изведе Вучиќ за да ги намали забелешките од надвор и од внатре. Надворешните за поголемата близина со тие или другите и големите влијанија на неговата политика. Внатрешните, затоа што неговата коалиција е толку разновидна што само отстапки во вид на политички латифунди со значајни изгледи за профит, можат да ги смират вознемирените духови.

Од тука се и измените и дополните во Законот за министерствата за надлежност, кои се заокружени со цел пред се СПС комотно да „царува” во своите ресори. И секако, СНС во своите. При што, како што најави претседателот на Србија, надворешната и регионалната политика ќе биде во рацете на Дачиќ.

На премиерката и преостануваат ЕУ правата, економијата, реформите во јавниот сектор и како што најави, враќање на довербата во образованието. При што старо-новиот министер за финансии цврсто ќе го држи буџетот во свои (и Вучиќеви) раце, како што ќе работат и сите други без директен дневен контакт со досегашниот премиер, кој ги предложи за функциите. Тие своите ресори ќе ги држав во согласност со директниот шеф. Своите партии.

А во владата меѓу другото, секогаш па и во овој кабинет има пет шефови на партии, со тоа што лидерот на најголемата е на друга адреса. На врховниот командант.

Политичките маневри долги повеќе од еден месец, гледани од оваа перспектива, им ја објаснуваат на многумина и необјаснивата втора претседателска инаугурација на Вучиќ за истиот мандат, одржана на 23 јуни. Масовно навистина, но не многу импресивна со исклучок на регионалниот состав, бидејќи претседателот имаше само 21 билатерална средба со високи претставници, иако делегации имаше многу повеќе. Многу лесно е да се претпостави дека Вулин во некои од тие разговори бил извлечен како ас од ракавот.