Демократи: Неразумен предлог на Стопанската комора да се зголеми акцизата за нафтените деривати за 2 денари

Демократи сметаат дека во оваа катастрофална економска криза во која се наоѓа нашата држава како последица од корона-вирусот, да се побара ваква мерка од Стопанската комора да се зголеми акцизата на горивата за 2 денари, со што би се зголемил буџетот месечно 3.8 милиони евра, или годишно 46 милиони евра, не само што е неоправдана, нехумана, несолидарна, туку е и неразумна.
Со зголемување на цената на горивата не' само што малите и средните претпријатија ќе бидат најповеќе финансиски оштетени, туку и граѓаните ќе имаат штета преку зголемување на цените на производите и услугите кои се веќе многу високи.
Бараме од Владата да донесе одлука да не се прифаќа предлогот од Стопанската комора да се зголеми акцизата на нафтените деривати за 2 денари!
Бараме од Владата да се намалат цените на горивото, прехранбените производи, лековите, струјата, водата, даноците, со што би им се помогнало на фирмите и граѓаните во ова време на невидена пандемија и тешка економска криза која за жал ќе се продлабочува уште повеќе!!!
Ново на Сител
-

Зошто Уставни измени се единствена тема на СДСМ
-

Тема на денот со Александар Саша Димитриевиќ, генерален секретар на СДСМ
-

Прилепската болница набави најсовремен рентген апарат во државното здравство и видео ЕЕГ за деца
-

Преглед на вестите од светот
-

ЕСМ: Обвинителството ги искривило исказите на инженерите
-

Нови обвинувања за уставните измени
-

Владата ги анализира кредитните понуди
-

Измените во собраниска процедура - родителите на насилните ученици ќе плаќаат казни
