Демири: Го зајакнуваме здравствениот систем, вложуваме во нови лекови и опрема и во услови за работа на медицинскиот персонал
Министерот за здравство д-р Илир Демири во порака по повод Светскиот ден на здравјето - 7 Април истакнува дека откако стапил на функцијата посветено се работи на зајакнување на здравствениот систем.
-Република Северна Македонија е прва земја од Западен Балкан што официјално го усвои Националниот акциски план за здравствена безбедност, во соработка со Светската здравствена организација, што е важен чекор напред во зајакнување на нашата посветеност за заштита на здравјето и благосостојбата на нашите граѓани, наведува Демири.
Нагласува дека Министерството што го предводи е фокусирано на зајакнување на превенцијата и раното откривање на заболувањата, посочувајќи дека минатата година се воведени шест нови лекови за ретки болести и пациентите со цистична фиброза првпат примија лек.
-Инвестираме во нова медицинска опрема, со што двојно е зголемен буџетот за оваа намена, а исто така ги подобруваме и условите во јавно здравствените установи преку реконструкции. Продолжуваме посветено да работиме и во следниот период, со цел унапредување на условите за работа на здравствените работници во јавното здравство, како и во интерес на сите пациенти во државата. Нека ни е честит Светскиот ден на здравјето!, истакнува Демири во пораката.
Ново на Сител
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден
-
Претседателски избори 2024