Демант од градоначалникот на Лозово
По една недела неуспешни обиди да стапиме во контакт со него, градоначалникот на општината Лозово, Ацо Велковски попладнево испрати демант на тврдењата кои Виолета Спасова како поранешна вработена ги изнесе во емисијата ,,Детектор‘‘, а се однесуваат на работењето на Велковски. Во продолжение го пренесуваме демантот во целост:
Остро ги демантирам лагите во емисијата „Детектор“ узречени од страна на Виолета Спасова Колева, вработена во Општина Лозово.
Вистината е многу поинаква од она што го зборуваше Спасова Колева. Со самото мое доаѓање на функцијата Градоначалник на општина Лозово , таа работеше во општината како раководител на одделението за финансиски прашања , на која како работна задача согласно со правилникот за систематизација на работните места има обврска да го иготвува буџетот на општината.
Од страна на Министерството за финансии на ден 22.09.2017 година до општина Лозово со писмен допис доставени биле насоки за подготовка на буџетите на единиците на локална самоуправа за 2018 година.
Функцијата Градоначалник почнав да ја извршувам на ден 27.10.2017 година , при што ги повикав раководителите на одделенијата во општина Лозово да ме запознаат со тековните работи и задолженија во општинската администрација како и со понатамошните работни активности и обврски кои се делегирани сосгласно со законскати регулативи на ЕЛС.
Од страна на Виолета Спасова Колева не бев запознаен дека потребно е да изготвиме план за програми за развој за 2018 година , согласно со член 21-б од Законот за буџет и член 23 став 7 од Законот за финансирање на единиците за локална самоуправа за кои советот на општина Лозово има законска обврска да одобри план на програми за развој најдоцна до 15 ноември во тековната година. Планот на програмите за развој се составен дел на буџетот на ЕЛС за кој Виолета имала обврска како раководител да го изготви, како што го изготвувала во изминатите години наназад.
Од нејзина страна до министерството за финансии е доставен буџет за општина Лозово за 2018 година со следниве недостатоци:
1.План на програми за развој за 2018 година
2.Не го предвидела долгот (рата од позајмица) што го наследив од предходниот градоначалник, како и
3.Не предвидела финансиски средства за нови вработувања на ООУ Методи Митевски Брицо, а јас веќе на почетокот на 2018 година неопходно беше да одобрам оглас за вработувања во ООУ ММБрицо, а за кој сметав дека има предвидено финансиски средства, Виолета не ги предвидела, при што сакала да ме инволвира во кривично дело да се распише оглас без предвидени финансиски средства. Од страна на министерството за финансии на ден 12.02.2018 година добив допис со укажување дека потребно е да пристапиме кон корегирање на веќе донесениот буџет за 2018 година , истиот да го одобри советот и да го доставам до министерството за финансии.
Од моја страна беше повикана Виолета во присуство на останатите раководители на одделенија за ја запознаам за укажувањето од министерството за финансии, при што таа ми одговори дека тоа не била нејзина обврска и дека тоа не било ништо страшно, без при тоа да постапи на укажувањата од министерството за финансии. Поради ова бев принуден да повикам вонредна ревизија со цел да ги констатира со извештај недостатоците за буџетот за 2018 година.
По донесената извршена вонредна ревизија , јас како Градоначалник на општина Лозово побарав одговорност за ваквите недостатоци, при што формирана беше комисија за водење на дисциплинска постапка за дисциплински престап за административниот службеник Виолета Спасова Колева. Иоко за вака настанатата ситуација со која ми ја нанесе Виолета да не можам да го извршувам буџетот повеќе од месец дена, постоеше основа за престанок на нејзиниот работен однос, сепак, од страна на комисијата за водење на дисциплинска постапка и беше дадена втора шанса да не и престане работниот однос, туку прераспредлба на едно скалило подоле, односно со звање советник во одделение за данок на имот. Нејзината умисла и намера со неодговорно однесување да ја опструира работатат на општината, а мене да ме инволвира во недозволиви и незаконски работења продолжи со нејзино инсталирање за неовластено отварање на електронската пошта поточно општинскиот имеил и прикривање на дописите кои пристигнуваат по електронски пат од надлежните институции до општина Лозово. Истата без мое какво било овластување секојдневно го отварала општинскиот емаил и ги бришела дописите, без да ме информира за тоа, туку умешно сето тоа го прикривала се до моментот на моето сознание дека низа документи и дописи по електронски пат стасувале на нашата електронска адреса и истите не стасувале до мене за понатамошно постапување.
За ваквото постапување од нејзина страна постои основно сомнение за покренување постапка на кривично дело , но од моја страна не беше покренато , туку од страна на секретарот на општина Лозово беше покренат предлог за дисциплинска одговорност , за што по предлог на комисијата за водење на дисциплински престап до секретарот на општината беше доставен предлог за распоредување на работно место во непосредно пониско звање, односно на звање виш соработник.
Од страна на секретарот на општина Лозово донесено е ршение за изрекување на дисциплинска мерка виш соработник и беше распоредена на работно место виш соработник за месни зедници и справување со кризи. Но и на ова работно место таа продолжи со неизвршување, несовесно и не навремено вршење на работните задачи со што изврши груба повреда на член 73 точка 1 од законот за административни службеници. Имено на оваа работно место потребно беше истата да го свика и извести кризниот штаб поради настанатите лоши временски услови со обилните врнежи од снег, кои го попречуваа нормалното функционирање на сообраќајот и тешкиот пристап на локалните патишта и улици на територијата на општина Лозово. Истата тоа не го сторила со што груба повреда на член 35 од законот за заштита и спасување за кое сносам одговорност јас како Градоначалник на општината согласно со член155 од законот за заштита и спасување во кои се предвидени прекршочни одредби. Исто така не го известила ЦУК, не постапила согласно со укажувањата по дописот од Владата , со што ме доведе во ситуација ненавремено да спроведам активности за лесен пристап на локалните патишта и улици кои беа завеани од снежните наноси.
Од страна на секретарот на општина Лозово за погоре наведеното беше покренат предлог за покренување на дисциплинска постапка до комисијата за водење на дисциплинска престап, при што комисијата достави предлог за престанок на работен однос за кој не се утврдени олеснителни околности. При одлучување од страна на секретарот на општина Лозово беа земени во предвид степенот на одговорност на административниот службеник, нејзиното поранешно однесување во смисла на против именуваната веќе се изречени дисциплински мерки и тоа два дисциплински престапи и две дисциплински неуредности. При донесувањето на ваквото решение , секретарот го имаше во предвид нејзиното однесување по сторување на повредата одсуство на каење за стореното, големиот број на изречените дисциплински мерки на кои наместо да делуваат превентивно и воспитно таа продолжуваше да сторува дисциплински престапи за кои со последнава не се пронајдени олеснителни околности, со што со решение од секретарот на општина Лозово за изрекување на дисциплинска мерка и престана работниот однос на ден 05.02.2019 година.
Од 05.02.2019 година кога и престана работниот однос до ден денес се поминати повеќе од десет месеци за кои неосновани и се фактите дека градоначалникот на општина Лозово брка бремена жена.
Нејзината бременост можеби е настаната по изречената дисциплинска мерка за престанок на работниот однос. Доколку во моментот на изречената дисциплинска мерка таа била бремена досега ќе имала новороденче. Од погоре наведеното неосновани се аргументите со кои таа преку јавните медиуми обвинува дека јас и локалната власт бркаме бремена жена, се со цел да ми го наруши угледот како Градоначалник пред целата јавност.
Сите пет погоре споменати дисциплински постапки беа потврдени со одлука од комисијата на агенцијата за администрација за одлучување по жалби и приговори на административните службеници во втор степен. Во изминатиот временски период додека се водеа сите овие постапки од нејзина страна во соработка со јавниот обвинител кој е нејзин вујко бев уценуван и заплашуван со закана дека ќе ми бидат поднесени кривични пријави доколку не се спогодиме и да ја вратам на работа. Тоа и се случи.
Ми беа поднесени две кривични пријави без никаков правен основ за кој веќе сум ослободен со правосилна првостепена пресуда. Континуирано бев изложен на повеќе инспекциски надзори од различни области кои беа повикувани од нејзина страна за кои не постоеше никаков правен основ за покренување за понатамошна постапка и истите беа потврдени со решенија од страна на овластените инспектори. Поздравите продолжуваа секојдневно од страна на нејзиниот вујко-јавен обвинител и началникот на крим полиција дека ќе ме клекнат на колена и дека постојано ќе ми пишуваат кривични пријави. По завршување на една судска постапка од страна на вујко и како јавен обвинител ми беше понудено да и дадам три илјади евра на Виолета за настанатите штети во судските процеси и да ја вратам на работа, а за возврат повеќе ќе немам кривични пријави и се што имал за мене ќе биде повлечено. Ваквите нејзини постапки беа мотивирани за да ме инволвира во нечесни игри , за да ме има во раце, бидејќи јас на почетокот на мојата работа, одбив да ја прифатам нејзината понуда како професионалец по финансиско работње, за да работиме нечесно и се збогатиме со различни зделки кои таа ми ги нудеше и ме уверуваше во сето тоа дека така ќе помине дури и да бидеме откриени нејзиниот вујко ќе не спаси и нема да не гони. Од моја страна беше одбиена и замолена да не помислува на такво нешто но наиде на погрешен човек. Јас работев 23 години во Министерството за внатрешни работи каде што имам дадено заклетва дека ќе го штитиме законот, а не да работиме против законот. Се надевам дека ова соопштение ќе биде објавено во интерес на вистината.
Ново на Сител
-
Ахмети: Груби не е во бегство, но нема да се појави пред одмаздничка правда
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Антикорупциска комисија
-
Коцевски не знае каде избегал Груби, но „кртот“ за акцијата не бил обвинителство
-
Шверцувале скапи автомобили од ЕУ и ги продавале во земјата - Кривична постапка против 10 лица за кримучарење возила
-
Одземен му е пасошот на поранешниот директор на ТИРЗ, тој не се чувствува виновен
-
Засилени безбедносни мерки во Охрид
-
Празнична сезона во Крушево
-
Хуманитарна акција во Берово