Демант на МФ на соопштението на Наумов
Министерството за финансии денеска во стопанството врати 1,8 милијарди денари по однос на доспеани за исплата државни хартии од вредност. Во среда по истата основа, Министерството за финансии ќе врати 115 милиони денари. Тоа се вкупно 1,915 милијарди денари кои што Министерството оваа недела ги враќа во стопанството по основ на доспеани државни хартии од вредност, наведуваат од Министерството за финансии во демант на соопштението на дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов.
Додаваат дека аукцијата на државни хартии од вредност закажана за утре е во износ од 1,915 милијарди денари, или идентична сума колку што се враќа неделава - што значи дека нето-задолжувањето по оваа аукција е еднакво на нула.
Министерството за финансии во реакцијата наведува дека ова се јавни податоци, достапни на веб-страната на Министерството и може секој да ги провери, вклучително дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов, кој тврди дека утре се побаруваат средства 17 пати повеќе отколку што се враќаат.
Ново на Сител
-
Две жени од Куманово нападнати од нивните партнери
-
Сопругата на глумецот Џорџ Клуни се соочува со забрана за влез во САД
-
Зголемена фреквенција на возила на Табановце, на останатите гранични премини нема подолги задржувања
-
Бројот на работници во индустријата намален за 3,9 проценти во првиот квартал
-
Осум повредени во пожарот во Кочани се враќаат од лекување во Турција, Бугарија и Словенија
-
ЗНМ: Извештајот на „Репортери без граници“ е реален показател за потребата од реформи во медиумскиот сектор
-
Вработените на ЗОО Скопје ја бараат платата за март, СОНК повика итно да им се исплати
-
Приведен возач од Дебар, возел со 2,77 промили алкохол и без возачка дозвола