Делови од Зелениково, Кисела Вода, Гази Баба и Ѓорче Петров утре без струја
Заради техничките зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Зелениково, Кисела Вода, Гази Баба и Ѓорче Петров.
Како што соопшти РЦУК на Град Скопје, од 07:00 до 17:00 часот без струја ќе останат корисниците од селата Зелениково, Страхојадица, Градовци, Тисовица, Дејковец, Добрино, Смесница, Пакошево, Гумалево и Ново Село, а од 08:30 до 14:00 часот, без струја ќе останат корисниците од дел од улицата „Михаил Чаков“.
Во период од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе останат корисниците од дел од улицата „Трифун Хаџијанев“, а од 09:00 до 14:00 часот корисниците од делови од улиците „Ѓуро Салај“, „Алексо Демниевски“ и „Даутица“.
Од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе останат корисниците од дел од улицата „Беласица“, а од 11:00 до 14:00 часот корисниците од делови од улиците „Рилски Гонгрес“, „Востаничка“ и „Банско“
Ново на Сител
-
Мицкоски: Имам чувство дека состојбата во Украина ќе ја зголеми цената на струјата на берзите
-
Лекарот обвинет за смртта на Метју Пери, се изјасни за виновен
-
Утре и викендов повремен дожд, во сабота пообилни врнежи и силен ветер
-
Мицкоски: На ДУИ им посакувам опозициски денови во коишто ќе се реформираат
-
Двајца лекари и еден техничар загинаа во сообраќајката кај Прилеп
-
Целосно изгаснат пожарот во Чаир
-
Претепал припадник на ЛГБТИ заедницата, скопјанец заработи условна осуда
-
Вработен во казино во Тетово коцкал пари од прометот