Делови од Аеродром и Карпош, како и повеќе скопски села утре без струја
Корисниците од населените места Студеничани и Моране од 5:00 до 12:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Од 5:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат и населените места Орешани, Таор, Ново Село, Пакошево, Гумалево, Тисовица, Смесница, Дејковец, Добрино, вклучително и објектите на ЖТП - Јане Сандански и ЖТП – Зелениково.
Во периодот од 8:00 до 9:00 часот и од 10:00 до 11:00 часот, без електрична енергија ќе бидат и дел од корисниците од село Крушопек.
Од 8:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Благој Мучето“ и „Архитект Сотир Томовски“ во општина Аеродром, а од 9:00 до 15:00 часот дел од корисниците од улицата „Ловќенска“ во општина Карпош.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Милан Стефаноски, надворешно политички аналитичар
-
Трамп: Русија е во подобра позиција за преговори од Украина
-
Изгоре стан во Кисела Вода – Пет лица се повредени
-
Со сатар и два ножеви скопјанец се обидел да влезе во Кривичниот суд
-
Од денеска замрзнати цени и маржи, казните за непочитување се до 10 илјади евра
-
Бизнисот ги бара парите од солидарниот данок, Финансии ги убедува да прифатат пребивање
-
МОН и СОНК пред потпишување на колективен договор
-
Меџити: Во владата нема преговори за промена на грбот