Делото на Свети Климент е бесмртно, порача владиката Партениј
Делото на Свети Климент е бесмртно и претставува таинство на Црквата Божја зашто тој не „соѕида градба на туѓ темел“, туку од почеток го положи своето дело на непропадливиот и вечен темел – Христос, порача епископ Антаниски г. Партениј, игумен на Свештената бигорска Обител, по повод големиот христјански празник Свети Климент Охридски.
-За најбрзо време ја воздигна новородената словенска култура до степенот на другите, внедрувајќи го во неа своето беспрекорно богољубие, љубовта кон словото, просветлението и осетот за возвишеното и за убавото. Порача заедно со другите синови по дух на Божествените Кирил и Методиј – меѓу кои во прв ред стои неговиот собрат, соподвижник и сострадалник, светиот Наум Охридски – Рамноапостолниот Климент успеа да ги облагороди нашите предци со евангелското слово и да ја охристови словенската опшност, преобразувајќи ја во род избран, царско свештенство, народ свет, додава владиката во својата порака.
Веруваме, додава, дека по „неговите молитви, Бог ќе го сочува православниот род наш и нема да дозволи Светиклиментовиот посев некогаш да свене".
- Благословот и молитвите на Свети Климент нека почиваат врз ова Христово стадо, воздигнувајќи ги нашите срца во областите на Божествената љубов и радост и љубовта што тој ја има кон Бога нека биде со сите вас, посакува владиката Партениј
Ново на Сител
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Анализа: Како да се справиме со негативното влијание на интернет просторот?
-
Д-р Беќаровски: Труење со поголема количина на парацетамол предизвикува неповратно оштетување на црниот дроб
-
Убиецот на Емилија го призна делото, обвинителството бара доживотна казна затвор
-
Експертите бараат брза реакција од надлежните за побезбедни патишта
-
Нов шеф доби Вишото јавно обвинителство во Скопје, Хајрулахи е се уште суспендиран
-
Откриени високи маржи кај маркетите и увозниците, извештајот на Пазарна утре на владина седница
-
Зошто нема организиран превоз за лица кои одат на дијализа во ГОБ 8-ми септември?