Делфините им приредија спектакл на туристите кај Валона
Во месноста Карабурун, кај Валона, неколку делфини приредија вистински спектакал за туристите, нешто што не се доживува секој ден…
Во видеото кое го објави тиранската телевизја „Ора њуз“, се гледа како делфините ги покажуваат своите маневри, скокајќи пред туристите кои пловат со брод. Токму ова видео, премиерот Еди Рама го избра да посака добро угро и успешен месец.
– Добро утро. Со овој извонреден спектакл што вчера делфините го приредија на брегот на Карабурун Ви посакувам успешен месец, напиша Рама на Фејсбук.
Не е првпат делфините да приредат ваков спектакл во приморјето на Албанија. Прогласен за Национален морски парк во 2010 година, Карабурун-Сазан е единствениот од ваков вид во Албанија. Паркот нуди бројни природни, културни, историски и туристички знаменитости и атракции. Областа сега може да се посети преку дневни патувања организирани од тур-оператори коишто поаѓаат од пристаништето во Валона.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
На секоја втора фирма во Македонија и се барало мито
-
Граѓаните не се доволно вклучени во процесот на носење одлуки
-
Не запираат дивоградбите во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Градежниците и портокаловата фаза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт