Делев:Преземаме мерки за блокираните македонски камиони
ЦЕФТА и сите релевантни институции во Брисел се исконтактирани и запознаени со проблемот на македонските камионџии, кои неколку дена се заглавени на српско-хрватската граница, информира вечерва заменик министерот за економија Христијан Делев.
По посетата на Струшкиот регион Делев појасни дека членките на ЦЕФТА разговарале за итен состанок во Молдавија, како земја претседавач, доколку до вторник не биде тргната забраната.
- Сите институции во Брисел се исконтактирани, исконтактирана е и ЦЕФТА и чекаме на хрватската страна овие санкции да ги тргнат, доколку не го направат тоа до вторник ќе биде закажан состанок на ЦЕФТА каде што ќе бидат преземани и други соодветни мерки, изјави Делев.
Тој посочи дека уште вчера македонското МНР упатило нота и писмо до Хрватска во врска со блокирањето на македонски камиони на границата со Хрватска.
- Ние реагиравме, укажавме на хрватските власти дека ова е надвор од сите меѓународни договори за проток на луѓе и стоки. Покрај контактот со институциите во Брисел и со ЦЕФТА ги контактиравме и нашите колеги во Србија, Косово, Албанија и Турција, кои се засегнати со овој проблем, истакна Делев.
Изрази надеж дека хрватските власти ќе најдат соодветно решение и нема да ја применуваат оваа мерка во иднина, бидејќи последиците ги трпат сите земји од овој дел на Балканот што транзитираат преку Хрватска.
Ново на Сител
-
Пожари во Гевгелија и штипско Караорман
-
Приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје возат само до 10 часот
-
Именување на генерален секретар на Собранието и барања за апанажа од поранешни министри на Комисијата за прашања на изборите и именувањата
-
Изречени 117 санкционирани возачи во Скопје
-
Бајден: Во претседателската трка сум до крајот, не се откажувам
-
Французите протестираа против десницата
-
Ураганот Берил ја погоди Јамајка и ослабен се упати кон Мексико | ВИДЕО
-
Променливо облачно, во западните и крајните источни делови со локален дожд