Делегација од Централниот регистар во работна посета на АЈПЕС
Делегација од Централниот регистар на Република Македонија, предводена од в.д. директорот Андреа Поповски, денеска е во официјална работна посета на Агенцијата за јавно-правна евиденција на Република Словенија (АЈПЕС) со цел операционализирање на неодамна склучениот Меморандум за соработка помеѓу двете институции, како и размена на искуства и најдобри практики во областите од доменот на работата.
На средбата, информираат од Централниот регистар, беше потенциран успехот на Република Македонија евидентиран во извештајот „Дуинг бизнис“, особено во делот што е во доменот на работа на Централниот регистар.
- Директорот Поповски истакна дека при креирањето на реформите во Република Македонија често пати се земаат предвид искуствата од Република Словенија и дека директниот линк со раководството на АЈПЕС, предводено од директорката Мојца Куншек е од исклучителна важност, соопшти Централниот регистар.
Формалната соработка помеѓу Централниот регистар и АЈПЕС датира уште од 2002 година, со договор за размена на финансиски податоци за фирми од двете земји, а годинава соработката беше продлабочена со сеопфатен Меморандум за соработка како рамка за спроведување на заеднички активности како во насока на размена на знаење, така и во врска со размена на податоци и информации од регистрите со цел создавање подобри услуги за бизнис-заедниците во двете земји.
Ново на Сител
-
Македонија под снег и мраз
-
Граѓани со скршеници ги полнат болниците
-
Ослободителна пресуда за Гордана Јанкуловска, затвор за началниците во бегство
-
По интерпелацијата Даути си се смета за разрешена, но се уште нема оставка
-
Лефков: Филипче и СДС сега глумат декларативно оградување од ДУИ
-
Дефиле под маски
-
Шеќеринска: Патувањето кон членство во алијансата не е секогаш едноставно
-
Преглед на вестите од светот