Македонија
5. February 2020 - 8:28

Делегација на војската на Србија во посета на земјава

Делегација на војската на Република Србија предводена од началникот на Генералштабот, генерал Милан Мојсиловиќ денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Генерал Мојсиловиќ за време на престојот во Генералштабот и Министерството за одбрана ќе има средби со својот домаќин Васко Ѓурчиновски, соопшти Министерството за одбрана.

За време на посетата, за утре е предвидена средба на генералот Мојсиловиќ со претседателот на Северна Македонија и Врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски.