Делегација на Венецијанската комисија на разговори во Уставниот суд

Делегација на Венецијанската комисија, предводена од потпретседателот Мартин Кујер, вчера го посети Уставниот суд и имаше средба со претседателот на сусдот Дарко Костадиновски и судијата Ана Павловска Данева.
На средбата беше изразено заемно задоволство од високото ниво на соработка и од континуираниот дијалог за прашања од областа на уставното судство и владеењето на правото, соопшти прес-службата на Уставниот сусд.
- Членовите на Венецијанската комисија пројавија интерес за значењето и содржината на одлуката на Судот У.бр.90/2024, со која беа укинати одредби од повеќе закони и подзаконски акти што се однесуваат на поимот „припадност на заедниците“, меѓу кои се и делови од Методологијата за планирање на вработувања во јавниот сектор согласно начелото на соодветна и правична застапеност, во јавноста препознатлива како „Балансер“. Двете страни изразија подготвеност за продолжување на конструктивната соработка и дијалогот и во наредниот период.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
