Делегација на ПССЕ во предизборна посета на Македонија

Делегација на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ), предводена од Стефан Шенах (социјалист од Австрија) на 26 и 27 април ќе престојува во Македонија во предизоборна мисија, пренесува дописникот на МИА од Стразбур.
Целта на посетата е да се направи проценка на предизборната кампања и политичката клима за предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни.
Според соопштението од ПССЕ, делегацијата во која покрај Шенах се наоѓаат уште шест други членови: Франк Ј.Јенсен од Норвешка (Народни парти), Еерик-Ниелс Крос (Естонија- Либерали), Том Пакален (Финска), Андреј Хунко (Греманија, Обединета левица). Лис Кристоферсен (Норвешка, социјаситичка група) и Валериу Гилетчи (Молдава, Народни партии) , ќе имаар средби со претседатеот на Собранието и министерот за внатрешни работи на Република Македонија.
Како што се наведува, делегацијата на ПССЕ има предвидено и средби со претставниците на политичките партии кои учествуваат во изборите, претседателот и членовите на ДИК, Јавниот обвинител, како и со членовите на дипломатскиот кор и претставниците на меѓународните организации, граѓанското општество и медиумите.
Ново на Сител
-

На бизнисот потребен му е стручен кадар, со знаења и вештини, не само дипломи
-

Анализа: Како да се намали бројот на кучиња скитници?
-

ЛКМ со историско катче кое содржи медицинска опрема од пред 100 години
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Тиват
-

Со помош на Светска Банка рехабилитирани 103км локални патишта - следува подобрување на хигиената
-

36 милиони денари за СКАДА систем во штипски „Исар“
-

Политички импулс без пресврт: Што носи Самитот ЕУ – Западен балкан?
