Делегација на ЈО во работна посета на Врховното државно обвинителство на Словенија
Делегација предводена од Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески од 4 до 7 јуни престојуваше во работна посета на Република Словенија со цел да се добие увид во функционирањето на словенечкиот систем за финансиски истраги особено во однос на успешната конфискација на имот стекнат на нелегален начин.
Во рамки на посетата Јовески, како што информираат од ОЈО, остварил средба со генералниот јавен обвинител на Република Словенија Драго Шкета, со кого размениле искуства во поглед на развојот на финансиските истраги и одземањето на имотна корист од сторени кривични дела при борба со организираниот криминал.
Посетата е реализирана во рамки на програмата за меѓународна развојна соработка на Република Словенија, организирана од словенечкиот Центар за европска перспектива.
Во делегацијата учествувале и двајца обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како и претставници на Царинската управа на Република Северна Македонија, Управата за јавни приходи, Финансиската полиција, Управата за финансиско разузнавање, Министерството за внатрешни работи и Централниот регистар на Република Северна Македонија.
Во рамки на посетата биле потпишани и Заеднички насоки за финансиски истраги во Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Светска програма за храна: Итно се потребни милијарди долари за да се реши проблемот со жариштата на гладта во светот
-
Путин: Западот ја турка Русија на црвената линија, Москва ќе мора да одговори
-
1.036 производи во „Новогодишната кошница“ - Пазарниот инспекторат констатирал ситни пропусти
-
Со автомобил удриле во бетонски ѕид, 80-годишен сопатник загина a возачот е тешко повреден
-
Таравари: Се анализира работата на директорите во јавното здравство
-
До четврток стабилно и релативно топло време
-
Отворен jавен повик за доделување финансиска поддршка за нови дестинации од аеродромите во земјава
-
Прегазена скопјанка, возачот избегал од местото на несреќата