-->
-->
Делегација на ЕП ќе го оценува напредокот на Северна Македонија
-->
Делегација на Европскиот парламент престојува во Скопје за да го оцени напредокот на земјата во европските реформи, како и подготвеноста за можни пристапни преговори.Седум претставници од Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) предводени од естонскиот европратеник Туне Келам, ќе се сретнат со политичкото водство, опозицијата и претставниците на граѓанското општество.
Како што соопшти Делегацијата на ЕУ во Скопје, европратениците, исто така, ќе посетат проект финансиран од ЕУ, за да видат како европските фондови функционираат во практика, по што Туне Келам ќе даде изјава за медиуми.
Делегацијата на Комисијата за надворешни работи на ЕП (АФЕТ) се состои од Келам (ЕПП), кој е и претседавач, романскиот европратеник Кристиан Преда (ЕПП), Кнут Флекенштајн (СД) од Германија, Хуан Фернандо Лопез Агилар (СД) кој е шпански европратеник, Бас Белдер (АЛДЕ) и Илхан Кјучук (АЛДЕ) од Бугарија и Томас Мезерикс од Партија на Зелените/ЕФА од Унгарија.
Во рамки на посетата на земјава, европратениците Флекенштајн и Кукан ќе остварат средба и со потпретседателот на Парламентот Весел Мемеди.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Димовски, вицепремиер за политички систем и лидер на СПМ
-

Рубио: САД секогаш ќе бидат дете на Европа, Мицкоски во Минхен оствари повеќе средби
-

Одбележување Св. Трифун и закројување на лозјата во винаријата „Монтеко“ во Кратово
-

Партиски обвинувања: Чија Влада доделувала поголеми субвенции?
-

Фотографии и обвинувања по најголемата заплена на марихуана
-

Повисока минимална плата ќе значи повисока инфлација
-

Приватна институција ќе ги утврдува причините за загадената вода во Струга
-

Ревитализација на бања во с. Бања високо на агендата на О. Чешиново-Облешево
