Делчево ја гради првата атмосферска канализација во општината
На улицата „Питу Гули“ во населбата Милково Брдо, Општина Делчево почна со изградба на првата делница на атмосферска канализација, проект кој се содржи во Општинската стратегија за климатските промени работен по иновативната метода на зелена агенда со поддршка на Милеуконтакт Македонија и УСАИД.
Советникот од ЛЕР во Општина Делчево, Тони Стоименовски истакна дека вредноста на проектот е 5, 5 милиони денари од кои 1, 7 е учество на општината, а останатите се обезбедени од УСАИД.
- Ова е прв приоритет одбран од граѓаните на Делчево кои со години наназад при обилните врнежни имаа проблеми со поплавувањето на нивните дворови и куќи, бидејќи од аспект на атмосферските води, оваа улица беше тесно грло. Сега со интервенцијата, атмосферската вода ќе се канализира и ќе се носи во реката Габровчица, истакна Стоименовски.
Додаде дека целта на овој документ, но и на проектите содржани во него е да се намалат негативните влијанија од климатските промени во општината.
- Во Општинската стратегија за климатските промени од страна на граѓаните се предложени и проекти за заштита од пожари и поплави, а документот има важност 10 години, односно до 2026 година. Целта е да се влијае таму каде што може за намалување на влијанието на климатските промени. Врз основа на овој документ може да се повикуваме за изградба на проекти кај различни донатори, рече Стоименовски.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата