Дел од српската опозиција за „Данас“: Владата ја направи безбедноста фарса
Лидерот на партијата Српски центар СРЦЕ) и поранешен началник на Генералштабот, Здравко Понош, оцени дека власта „направила фарса од безбедноста“ – коментар за тврдењата на претседателот на Србија и на министерот за внатрешни работи дека Србија е една од најбезбедните земји не само во Европа, туку и во светот.
По нападот на полицаец пред израелската амбасада и смртта на напаѓачот, кој беше оквалификуван како терорист, Александар Вучиќ и Ивица Дачиќ изјавија дека Србија е безбедна земја и на европско и на светско ниво.
Понош рече дека владата „се обидува да создаде привид на безбедност со ветување за купување борбени авиони, одржување воени и полициски модни ревии“ каде, како што наведе, „елитата се крие зад униформите“.
„Земјата е безбедна само колку и нејзините граѓани, колку што чувствуваат дека тие, членовите на нивните семејства, нивниот имот се безбедни, колку што се заштитени нивните права, колку што е сигурно дека утре некој нема да им го одземе она што им припаѓа ним“, рече тој.
Како што наведе, „во ваква држава под СНС, граѓаните се плашат и од таа земја“, пишува на сајтот на тој белградски весник.
Пратеникот на Зелено-левичарскиот фронт, Ѓорѓе Павиќевиќ, рече дека „нема сомнеж дека претставниците на властите или институциите се добро заштитени“, дури, како што наведе, „се преувеличува“, пренесе Бета.
„Сепак, прашањето не е дали се безбедни од терористички напади или вооружени криминални конфронтации, туку многу други фактори, на пример, дали граѓаните можат мирно да одат по тротоар без да бидат убиени од тркалото на автобусот на јавен превоз, дали децата можат мирно одат на училиште, дали им се загрозени животот и здравјето од нездравата средина…“, рече тој.
Како што оцени, „оваа влада е подготвена на многу начини да се коцка со безбедноста на граѓаните“.
Ново на Сител
-
Египет, Грција и Кипар ќе одржат самит во Каиро за зајакнување на партнерството во услови на регионални предизвици
-
ДПИ: Цените на производите од „новогодишната кошница“ се намалени за 10 отсто
-
Пакистанскиот воен суд осуди 60 цивили на затворска казна од две до десет години
-
Нема ризик за безбедноста, државата е во сигурни раце, вели Мицкоски
-
Вработен во Финансиска полиција осомничен во случајот „Државна лотарија“
-
Кривична пријава за злоупотреба на службената положба
-
Мицкоски: Или сите да работат во недела со двојна дневница или никој
-
Мао: Кина нема да чека да и бидат загрозени безбедносните интереси