Дел од оружјето користено во нападите во Париз произведено во Србија
Дел од оружјето што било користено при нападите во Париз на 13 ноември е прозведено во фабриката „Застава“ во срспкиот град Крагуевац, во 90-те години на минатиот век, соопшти денеска директорот на компанијата Милојко Брзаковиќ.
Како што јави Фена, Брзаковиќ изјави дека два дена по нападите во Париз, во кои загинаа 130 лица, српското Министерство за внатрешни работи му ги доставило сериските броеви на оружјето користено од страна на напаѓачите.
- Верувам дека меѓу нив имаше седум или осум автоматски пушки од типот „калашников“, истакна Брзаковиќ.
За време на поранешна СФРЈ, во погоните на „Застава“ во Крагуевац се произведуваше оружје за потребите на некогашната Југословенска народна армија и за Територијалната одбрана, кое по распадот на државата остана во републиките наследнички.
Според Брзаковиќ, по распадот на СФРЈ можно е која било од државите наследнички да препродавала дел од своето оружје на трети земји.
Ново на Сител
-
Министерството за спорт младите кикбоксери ги награди со 12 стипендии
-
Трамп го избра пријателот на Маск, Џаред Ајзакмен, за шеф на НАСА
-
Скопјанец осомничен за нанесување телесна повреда при семејно насилство
-
Јаневска: Резултатите од ТИМСС-тестирањето се лоши и се доказ дека се потребни промени во образованието
-
48-годишен скопјанец загина на патот Велес - Скопје
-
Грузискиот опозициски лидер Ника Гварамија, претепан и онесвестен, приведен од полицијата
-
Кривична за 18-годишник кој со нож убодел во стомак друго лице пред кафеана во Струмица
-
Две кумановки ги нападнале сопрузите, едната од нив го нападнала и синот