Македонија
26. October 2015 - 11:23

Дел од општина Центар утре без вода

Од 9 часот утре без вода ќе бидат корисниците од адвокатската улица, Министерство за надворешни работи и основното училиште „Кирил и Методиј“ во општина Центар. 

Како што информира РЦУК-Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради изведување водоводен приклучок на улицата „Филип Втори Македонски“ без број, до МНТ. Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на работите.