Дел од Кисела Вода и неколку скопски села утре без струја
Корисниците на дел од селото Петровец, објектите што се наоѓаат по патот за Огњанци, село Бадар, дел од Катланово, објектите накај Тотинци, селата Блаце, Кожле и Огњанци, како фазанеријата Јасен утре од 8:30 до 15:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Во периодот од 8:45 до 9:45 часот, без струја ќе бидат и корисниците од селата Катланово, Градманци, Катлановска бања, Летевци, мотелите и бензинските пумпи околу Катланово.
Од 10:00 до 15:00 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат и корисниците од населба Црквиште во Волково и дел од улицата „22“, а од 13:00 до 14:00 часот, корисниците на дел од улицата „Славка Динкова“ во општина Кисела Вода.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведување планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.
Ново на Сител
-
Во Иран уапсени 24 лица поради шпионажа во корист на Израел
-
ИДФ: Иран напаѓа со ракети со повеќе боеви глави
-
Унгарската полиција ја забрани претстојната Парада на гордоста во Будимпешта
-
Нов ирански ракетен напад врз Израел
-
Нова размена на воени заробеници помеѓу Русија и Украина
-
Во Кочани се одржува средба на родителите на починатите во „Пулс“ со обвинителите
-
Беживотно тело пронајдено во водите на Охридското Езеро
-
Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста