Дел од Кисела вода, Аеродром, Зелениково и Батинци утре без струја
Утре без струја ќе останат корисниците на дел од с.Батинци и дел од Општина Кисела Вода, поради планирани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа во Град Скопје, соопшти РЦУК по добиено известување од „ЕВН Македонија“.
Во периодот од 9.00 до 15.00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на дел од с. Батинци, Општина Студеничани.
Корисниците на дел од ул. Драчевска како и дел од ул. Речиште, Општина Кисела Вода, без струја ќе останат од 9.00 до 11.00 часот.
Без снабдување со електрична енергија ќе останат и корисниците на ул. Пандил Шишков бр. 3, Општина Аеродром.
Без струја во периодот од 9.00 до 10.30 часот ќе бидат и корисниците од с.Орешани, с. Таор, викенд населба Јане Сандански, Хајтек и Бујото Орешани, млекара Маско и сите стопански и нестопански објекти во тој потег, цела општина Зелениково со сите села кои припаѓаат на општина Зелениково (Ново Село, Пакошево, Гумалево, Тисовица, Градовци, Добрино, Дејковец, Вражале, Орешани, Таор како и викенд населбата Јане Сандански), во Општина Зелениково.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата