Дел од Центар, Кисела Вода и Зелениково утре без струја
- Дел од корисниците од општина Центар, лоцирани на улицата „20 Октомври“ куќни броеви од бр. 27 до бр. 42 утре ќе бидат без електрична енергија од 9 до 14:30 часот.
Во периодот од 8:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат дел од жителите од улиците „Ѓорѓи Димитров“ и „Михаил и Ефтихиј“ во општина Кисела Вода, а од 9 до 14 часот дел од корисниците од улиците „Христо Чернопеев“ и „Славејко Арсов“ во општина Центар.
Долготраен прекин во снабдување со струја од 9 до 16 часот ќе имаат сите индустриски капацитети во општина Зелениково како што се фирмите „Маско“, „Хајтек“, „Бујото“ и други, селата Таор, Орешани и викенд населбите Орешани и Јане Сандански во Зелениково.
Од 9 до 14 часот долготраен прекин во снабдување со струја ќе имаат селата Страхојадица, Ново Село, Смесница, Гумалево, Градовци, Дејковец, Добрино, Тисовица, станица Зелениково, како и сите останати населени места во општина Зелениково.
Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради инвестиции во електросистемот.
Ново на Сител
-
Трудо: Ќе бидеме со Украина, колку што е потребно, со сè што е потребно
-
Најави за зголемување на расходите за одбраната и повторно вооружување на Европа
-
Македонските каратистки балкански првенки во кати
-
„Блу гоуст“ слета на Месечината
-
Стармер: На Самитот во Лондон договорени четири клучни чекори
-
Маската „Танц на ангелите“ најдoбрa на Прилепскиот карневал
-
Приведени двајца охриѓани, при претрес на возилото пронашле дрога
-
Стармер: Мировен исход за Украина би бил клучен и за стабилноста на Европа