Декани и директори на научни институти на УКИМ:Веднаш да и се дозволи на администрацијата да ги извршува обврските
Веднаш да и се дозволи на администрацијата да ги извршува своите редовни обврски, а сите прашања да се решаваат во институциите на системот, стои во денешното соопштение од декани на факултети и директори на научни институти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во врска со блокадата од страна на група студенти, во Ректоратот на УКИМ.
Во спротивно, стои во соопштението, одговорноста за оневозможувањето на остварувањата на функциите на факултетите и институтите што ќе доведе до сериозни последици, како и штетите што ќе настанат спрема трети лица, ќе ја сносат лично членовите на организаторот, кои јавно се декларираа за организатори на блокадата.
- Заради настанатата состојба не постои можност да се извршуваат тековните активности и тоа: издавање дипломи, мобилности на студентите кои се во тек, избори во звања, студиски програми, промоции на дипломирани студенти, промоции на доктори на науки, промоции во почесни звања, работа со странски студенти, усвојување на систематизации, меѓународни проекти, изготвување на документи за странските донации на факултетите, европските проекти, исплата на студентските стипендии, исплата на плати за вработените и др. активности кои се поврзани со рокови, се појаснува во соопштението.
Инаку, Студентскиот пленум од утрово започна со блокада на Ректоратот на УКИМ, во знак на протест од сечата на дрвја во кампусот на универзитетот за изградба на два нови барокни факултети.
Ново на Сител
-
Новиот државен секретар Рубио потврди дека САД ќе работат на ставање крај на војната во Украина
-
Раст на фјучерсите на американските берзи по новите укази на Трамп
-
Ѓоковиќ ќе го предадеше мечот со Алкараз доколку го загубеше вториот сет
-
Мицкоски во Вашингтон присуствувал на на свеченоста „Гласови на слободата“ и остварил бројни средби
-
Украина работи на одржување средба меѓу Зеленски и Трамп
-
Лазаров за ремито со Австрија: Горд сум на моите ракометари
-
Капитенот Кузмановски донесе реми во последните секунди на натпреварот Македонија-Австрија
-
Собранието го донесе Законот за заштита на децата, прифатени само два амандмани