-->
-->
Дејвис куп: И В.Британија обезбеди полуфинале
-->
Велика Британија е третиот полуфиналист во Дејвис купот по 2:0 победата над Германија, додека Рафаел Надал успеа да ги врати домаќините Шпанија и да израмни 1:1 во дуелот со Аргентина.
Кајл Едмунд во првиот меч со 6:3/6:2 го „збриша“ Филип Колшрајбер за предност на Британија, пред Ден Еванс во епски меч со 7:6(6)/3:6/7:6(2) да го победи Јан-Ленард Штруф за победа пред дуелот во двојки.
На Шпанците пак, во Мадрид им беше потешко. Гвидо Пелја се врати од сет негатива за со 6:7(3)/7:6(4)/6:1 да го победи Роберто Баутиста Агут за водство на Аргентина, пред Рафа Надал со 6:1/6:2 да го „збрише“ Диего Шварцман за израмнување. Сега, противникот на Британија во утрешното полуфинале ќе се одлучува во мечот во двојки, за кој засега се пријавени Фелисијано Лопез и Марсел Гранолјерс кај Шпанците и Максимо Гомез и Леонардо Маер кај Аргентинците.
Во првото полуфинале утре ќе се сретнат репрезентациите на Канада и на Русија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот