-->
-->
Дејвис: Целосно сме посветени на исполнување на зацртаните цели
-->

Женскиот македонски ракометен шампион Вардар денеска го имаше првиот заеднички собир по зимската пауза, а веќе во петок се заминува за Подгорица каде треба да настапат на првиот турнир од Регионалната ВРХЛ лига. Тренерот Давид Дејвис очекува сите ракометарки д аодговорат на поставените задачи.
На првата прозивка единствено ја немаше голманката Мајса Песоа која е „заглавена" на аеродромот во Истанбул, порадо лошото време. Сите други тренираат со екипата. Ина Суслина е се уште под специјален третман по операцијата што ја имаше лани. Во консултација со лекарскиот тим ќе се реши кога ќе почне созаеднички тренинзи со тимот. Засега со тимот тренира и Драгана Петковска за да го пополни местото меѓу стативите.
Уште на почетокот на турнирот во Подгорица вардарки се среќаваат со Будуќност, тим против кого треба да играат и во првото коло од главната фаза на Лигата на шампионите на крајот од месецов.
-Ние на секој меч влегуваме со еднаква мотивираност. Нема разлика дали е пријателски меч, натпревар од ВРХЛ лигата или пак лига на шампионите. Се подготвуваме сериозно и целосно посветени на исполнување на зацртаните цели за оваа сезона. Верувам дека и девојките се подготвени за она што ги очекува во следните месеци. Овие неколку дена ќе повториме од она што го игравме во есенскиот дел од сезоната. Има доволно време да бидеме подготвени за ЛШ, и сериозно го сфаќаме секој предизвик што е пред нас, вели Дејвис.
Иако имаше двонеделна пауза во тренирање, сите ракометарки имаа програма по која требаше да работат за да ја одржат формата. И сите се придржуваа кон тоа, па и без проблеми го издржаа и првиот напорен тренинг, додаде тренерот на Вардар.
Експедицијата на ЖРК Вардар в петок на пладне заминува за Подгорица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кратово се подготвува за прослава на патронот на градот - Свети Ѓорѓи Кратовски
-

Мицкоски - Варнс: Заедничка заложба за натамошно јанкење на односите меѓу Македонија и САД
-

Тепачка во казино во Карпош
-

Четиригодишно дете прегазено во Драчево
-

Дански скијач извлечен од лавина на Попова Шапка
-

ССМ ќе чека до крајот на февруари договор за зголемување на платите, во март најавува генерален штрајк и протест
-

Од 30 до 200 елени во Галичица благодарение на Репродуктивниот центар
-

Позајмил автомобил од својот братучед, па го продал на друго лице – кривична пријава за 40-годишен гостиварец
