Дејвид Швендиман е избран за главен обвинител за специјалниот суд на Косово

Американецот Дејвид Швендиман денеска е избран за главен обвинител во специјалниот суд во Хаг за истражување на воените злосторства направена за време на војната на Косово во 1998 и 1999 година.
Судот ќе ги истражува злосторствата направени над Србите, од страна на Ослободителната војска на Косово (ОВК) за време на судирот и по него.
Во соопштението на портпаролот на Специјалната истражувачка екипа од ЕУ на Косово (СИТФ), Жоао Соузе, се наведува дека Швендиман на 1 септември е поставен на чело на Канцеларијата на специјалниот обвинител (СПО).
Швендиман претходно беше главен обвинител на СИТФ, а кон крајот на минатата деценија беше обвинител за воени злосторства во Босна и Херцеговина.
По неговото именување СИФТ се трансформира во СПО.
По повод неговото именување, тој изјави дека тоа претставува чекор на патот кон воспоставување на институции што се предвидени со косовски закони и нивното функционирање по највисоки меѓународни стандарди.
Ново на Сител
-

Пакетот закони за реформи на администрацијата и за минимална плата од 600 евра пред пратеници
-

Мицкоски: Само со дијалог може да го надминеме спорот со Бугарија
-

Македонија ќе добие вакцини БСЖ со помош на УНИЦЕФ
-

Премиерот Мицкоски очекува стапката на раст на цените да остане помеѓу најниските во регионот
-

По 11 години Охрид ќе добие затворен базен
-

Преглед на вестите од светот
-

„Подготовка за поширока ЕУ“ – Кос ги претстави петте измени во начинот на одлучување
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
