-->
-->
Деjвид Линч го доби почесниот Оскар
-->
Американскиoт режисeр Деjвид Линч ja доби почесната награда за посебни заслуги во областа на филмот, на американската Академија за филмски уметности и науки.
„Не многу зборливиот Дејвид Линч го доби својот „Почесен оскар”, се вели на Твитер профилот на Академијата. Единаесеттата ваква свеченост се одржа вчера во Лос Анџелес.
Режисерот, пак, го оправда тој епитет на „лаконска личност“. Примајќи ја наградата, тој само рече: „Имате многу интересен вкус“.
Најпознатиот проект на Дејвид Линч е серијата „Твин Пикс“ која стана светски хит, а пред две години, по речиси три децении, доживеа и трета сезона. Поради тоа, на доделувањето на наградата него го придружуваа главниот актер во серијата, Кајл Меклахлан и Лора Дерн, исто така дел од екипата.
Освен Линч, глумецот Вес Стади и режисерката Лина Вертимилер исто така добија почесни оскари. Академијата тоа го објави во јуни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Арџи Беллио, претседавач на бордот на ОМД
-
Мали шанси за заедничка резолуција во Брисел за македонскиот идентитет
-
Партиите го следат случајот ДКСК, ќе побараат ли разрешување?
-
Политичките партии и на овие избори ќе бркаат повеќе гласови со доктори за градоначалници
-
Неколку шумски пожари активни низ државата
-
Пожарот во општина Василево петти ден активен
-
Со новите измени во Kривичниот законик, семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Во охридската болница се користеле стари апарати