Дејвид јавно призна дека долгиот брак е тешка работа: Кога го слушна тоа Викторија неможеше да си дојде на себе
Викторија Бекам (44) наводно плачела два дена откако нејзиниот сопруг Дејвид Бекам го опиша нивниот брак како „тешка работа“, тврдат пријателите на славното семејство.
Модната дизајнерка, како што велат изворите, била целосно скршена зошто таткото на нејзините деца постапил без чувства, раскажува еден „пријател“.
„Таа нема идеја зошто толку чувствителни работи за нивниот однос ги изнел во јавност. Било тоа како нуклеарна бомба да екслодирала во нивниот дом кога дознала за интервјуто“, тврди извор.
Истата личност наведи дека Викторија била скршена, па се пријавила во германско одморалиште специјализирано за воспоставување емотивна рамнотежа.
Викторија стигнала два дена по контроверзното интервју, а на Инстаграм сподели фотографија од Германија.
„Кога сте долго во брак, тоа станува тешка работа. Работите стануваат комплицирани“, рече славниот фудбалер.
Да потсетиме, Дејвид и Викторија се венчаа во 1999 година и имаат четири деца: Бруклин (19), Ромео (16), Круз (13) и Харпер (7).
Ново на Сител
-
Нивото на водата во Охридското Езеро 24 сантиметри под просекот за февруари
-
Ватикан: Папата Франциск и денеска е во критична состојба, поминал мирна ноќ
-
„Фридом хаус“: Македонија делумно слободна земја
-
Општина Центар доделува субвенции за полагање возачки испит
-
Зеленски: Украина активно подготвува нови состаноци, преговори и договори со партнерите
-
Повеќе од 250.000 лица ја потпишаа петицијата за одземање на канадското државјанство на Илон Маск
-
Флик: Барселона одигра одличен натпревар, но прими четири гола и тоа е премногу
-
Дончиќ со трипл-дабл ги предводеше Лејкерси да победа над својот поранешен клуб