Дејселблум: Очекувам спогодба за Грција на средбата на Еврогрупата на 24 мај
Шефот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум очекува да биде постигната принципиелна спогодба на состанокот на министрите за финансии на земјите од еврозоната на 24 мај за исплаќање на следната транша од заемот за Грција, јавуваат грчки медиуми.
Во интервју за Ројтерс, кое го пренесува БТА, Дејселблум нагласува дека несогласувањата меѓу Атина и нејзините кредитори за оваа транша се минимални и дека единствената дебата е во врска со можноста за олеснување на грчкиот долг.
- Би сакал на следната средба на Еврогрупата министрите за финансии од еврозоната да постигнат целосна спогодба за Грција по сите аспекти за прашањата, кои ќе ги разгледуваат, нагласи Дејселблум.
Тој сепак појасни дека до состанокот на 24 мај се надева дека Грција ќе ги забрза реформите, кои од неа се бараат во однос на пензискиот и даночниот систем, приватизацијата и намалувањето на буџетските трошоци.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори