Дејли Телеграф: Британија испраќа војска за вежби во Јордан
Над 1.600 британски војници и воена техника ќе бидат испратени на Блискиот исток за да одработат вежбовна операција за спречување на голем упад во Ирак. Таа вежба се случува за првпат по повеќе од 10 години, објави британски Дејли телеграф.
Според извори на весникот, вежбата може да биде тренинг во случај да се побара да се распоредат големи оклопни сили на британската армија во Источна Европа при евентуална конфронтација меѓу НАТО и Русија.
Воените маневри во Јордан имаат за цел да гарантираат дека британската армија се уште е во состојба да испрати воени сили со бројност од 30.000 војници во кризна зона насекаде во светот и покрај намалување на буџетот за одбрана во изминатите пет години.
Вежбата не е генерална проба за испраќање британски војски против Исламска држава, наведува весникот. Воените вежби во Јордан ќе бидат најголеми за британската војска од 2001 година кога тие учествуваа во големи маневри во Оман, наведува весникот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток